HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ повеќе не може да ги контролира безбедносните служби

Вучиќ повеќе не може да ги контролира безбедносните служби

aleksandar-vucic-22-620x350

Српскиот премиер Александар Вучиќ поднесе оставка на местото шеф на бирото за координација на службите за безбедност и за ова во следните неколку дена ќе го извести претседателот Томислав Николиќ, пишуваат Новости.

Според информациите на весникот, ова ќе биде прва конкретна последица од „случајот Јајинци“ кој ги откри пукнатините во безбедносниот систем на првиот човек на владата, кој веќе четири дена нити во претпоставки не може да посочи кој го оставил арсеналот оружје во близина на семејната куќа на Вучиќ.

Српскиот премиер се одлучи на овој чекор поради тоа што безбедносните служби не го увериле дека ги контролираат работите, а исто така бил зачуден поради тоа што од моментот на откривањето на „зољата“, бомбите и мунициите на чекор од домот на неговите родители, разузнавачите му раскажале дури пет различни верзии од овој случај, пишува Новости.

Досега на оружјето биле откриени траги од три лица, но се уште не е утврдено дали тие се тие кои го оставиле опасниот товар, со намера да извршат атентат врз премиерот. Експертите при српската полиција и безбедносните служби во следните неколку дена ќе се обидат да утврдат чии се отпечатоците на „зољата“, бомбите и мунициите, па на тој начин ќе се истражуваат и мотивите за складирањето на оружјето токму на место каде српскиот премиер би можел да биде лесна мета на напаѓачите.

После новите откритија, Вучиќ во понеделникот од Хамбург сугерираше дека зад се може да стојат и лица кои не се наоѓаат во Србија. „Верувам во службите и државите на Србија, но се плашам дека тешко ќе откриеме кој го донел тоа оружје и за кои цели. Ми се чини дека секој кој остава оружје знае дека „зољата“ не е стап, па барем би ги избришал отпечатоците, или пак знае дека не е на територијата на одредена земја, па сеедно му е што ќе остави, бидејќи не можете да му влезете во ДНК трагата“, рекол српскиот премиер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com