Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија, но наше е да ја зачуваме стабилноста

Вучиќ: Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија, но наше е да ја зачуваме стабилноста

Откако беа упатени критики кон Вучиќ за неговата поддршка на Груевски, тој се огласи со оградувачки став. Србија не се меша во внатрешните работи на Македонија, порача денеска српскиот премиер Александар Вучиќ, кому му истекува премиерскиот мандат и наскоро ќе ја преземе функцијата претседател на Србија.

– Таму живее пријателски народ, кому му посакуваме мир и стабилност – рече Вучиќ по обиколката на рударскиот басен „Колубара“.

Тој порача дека Србија е мала земја на којашто ѝ е важно регионот да биде мирен и стабилен.

– За нас е важно сè да биде мирно, да биде стабилно на Балканот… Наше е да ја зачуваме стабилноста во земјата – рече Вучиќ.