HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: Сите нека се оградат со бодликава жица, Србија нема да крене ниту метар

Вучиќ: Сите нека се оградат со бодликава жица, Србија нема да крене ниту метар

Нашиот северен сосед се покажа како најхуман во однос на мигрантите. Додека сите околни држави се оградуваат со бодликава жица, Србија не планира да се оградува со ѕидови за заштита мигрантите, изјави вчера српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Каква и да е ситуацијата, ќе држиме се под контрола. Нема да убиваме никого – ниту животни, ниту луѓе. Сите нека се оградат со ограда од бодликава жица – Србија нема да издигне ниту еден метар, рече Вучиќ во градот Љубовија на границата со БиХ, каде почна изградбата на мост на реката Дрина.

Вучиќ призна дека „цел час не можел да се соземе“, откако видел срни, приклештени во ограда од бодликава жица. Многу еколози се противат на такви огради, во кои често гинат и диви животни.

Српскиот премиер рече дека според последните податоци на територијата на Србија во моментот се наоѓаат 12.310 имигранти. Тој изјави дека независно од големиот број илегални имигранти, кои преминуваат преку земјата, српските власти ниту еднаш не употребиле сила против нив со солзавец, што според него ја покажува нивната „човечност, трпеливост и солидарност“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com