Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ самоуверено: „Србија денеска разбира дека ќе биде дел од ЕУ“

Вучиќ самоуверено: „Србија денеска разбира дека ќе биде дел од ЕУ“

Српскиот премиер Александар Вучиќ самоуверено и со позитивизам зборуваше со новинарите пред меѓувладината конференција ЕУ-Србија.


„Денеска е вистински голем и важен ден за Србија. Во периодот пред нас, земјата ќе ја уредиме по највисоки можни стандарди, демократски стандарди, со посилни институции, а ќе се избориме и против корупцијата и криминалот низ помодерен систем на правосудство.“


Вучиќ истакна дека периодот не е нималку лесен и дека на меѓувладината конференција во Брисел ќе ги отвори првите две поглавја во преговорите со Европската унија, со што ќе започне нова фаза во процесот на европските интеграции.


„Србија денеска престанува да сонува соништа, Србија денеска разбира дека ќе биде дел од ЕУ, но на нас е со својата работа, трудољубивост и енергија да го одредиме влезот во ЕУ“, истакна премиерот.