Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ предлага заеднички ден на сеќавање на жртвите од југословенските војни

Вучиќ предлага заеднички ден на сеќавање на жртвите од југословенските војни

Премиерот на Србија Александар Вучиќ ќе предложи заеднички ден на сеќавање за жртвите од судирите на просторот на поранешна Југославија, на претстојната конференција за Западен Балкан во Виена.

На прес конференција тој рече дека на 27 август во Виена ќе им предложи на лидерите од државите што учествувале во судири на простор на поранешна Југославија да се изнајде заеднички ден на сеќавање на сите жртви “кои не би биле разликувани по национална припадност“. Според него, секој би можел да покаже еднакво почитување кон жртвите и сите би знаеле дека жртви имало на сите страни.