Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: Почит за жртвите и пет милиони евра за Сребреница

Вучиќ: Почит за жртвите и пет милиони евра за Сребреница

Српскиот премиер Александар Вучиќ денека им се поклони на жртвите од Сребреница и положи цвеќе во Меморијалниот центар во Поточари.

„Го покажавме својот став поклонувајќи им се на невините сребренички жртви, а верувам дека јасен сигнал ќе биде и она што Србија е спремна да го направи тука. Освен почитта на минатото и прифаќањето на она што се случило, со оптимизам гледаме кон иднината“, изјави Вучиќ во Сребреница.

Цвеќе положија и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, и началникот на општина Сребреница Ќамил Дураковиќ. Вучиќ во Сребреница присуствува на инвестициска конференција за помош на оваа општина во Реублика Српска.

Saturday, July 11, 2015.(AP Photo/Marko Drobnjakovic)

Saturday, July 11, 2015.(AP Photo/Marko Drobnjakovic)

Инаку, при минатата посета на Вучиќ на Поточари на 11 јули, беше нападнат со камења, a се уште не е завршена истрагата за нападот. Во и околу Сребреница преземени се високи мерки за безбедност, а подрачјето го надлетува и хеликоптер.

Српскиот премиер изјави дека Владата на Србија донесе одлука да одвои пет милиони евра за Сребреница. Тој на Инвестициско-развојната конференција во Сребреница рече дека веќе во понеделник ќе бидат префрлени два милиони евра на сметката на општината Сребреница, а останатите три милиони евра ќе бидат дадени за одбрани проекти за потребите на Сребреница за кои ќе биде формиран тим кој ќе работи на нивна реализација.

Фото:Независне новине/АП