Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВучиќ: Не е кривично дело што српскиот разузнавач бил во Собранието на „крвавиот четврток“

Вучиќ: Не е кривично дело што српскиот разузнавач бил во Собранието на „крвавиот четврток“

Српскиот премиер Александар Вучиќ, по вчерашната неформална вечера на премиерите на земјите од Западен Балкан, на новинарско прашање за присуството на претставник на српската разузнавачка служба БИА во насилните напади на Собранието на 27. април, изјави дека не тој не направил било какво кривично, не учествувал во организирањето на насилството и дека „негова работа е да известува од земјата“.

Горан Живаљевиќ, советник во српската амбасада во Скопје, за време на инцидентите бил внатре во Собранието, објави истражувачкиот тим на телевизија Телма.

Заев по заедничката средба сподели дека не разговарале на оваа тема.

Вучиќ за српските медиуми изјавил дека мандатарот и иден премиер на Македонија, Зоран Заев, по неколкуте несогласувања кои ги имаа по изјавите на лидерот на СДСМ дека во Србија има националистичко раководство, покажал иницијатива, дека му пришол и бил многу коректен.

Вучиќ не даде детали за разговорот со Заев и нагласи дека сака добри односи со Македонија и дека е уверен дека ќе ги има.