Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ: Ја подигнавме борбената готовност

Вучиќ: Ја подигнавме борбената готовност

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави во петок вечер дека е подигната борбената готовност каде што е неопходно, но дека Србија е стабилна и граѓаните можат да бидат мирни.

Гостувајќи во Дневникот на РТС, Вучиќ рече дека ситуацијата во Србија е мирна и стабилна.

„Граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи ја подигнавме борбената готовност на нашите единици каде што е потребно. Подготвени сме да одговориме на секој предизвик“, рече Вучиќ.