Thursday, Jun 29, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ го помина полиграфот, на ред е поранешниот директор на „Курир“

Вучиќ го помина полиграфот, на ред е поранешниот директор на „Курир“

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ го поддржал полиграфското тестирање, по повод обвиненијата кои неодамна се изнесени во дневниот весник „Курир“ дека учествувал во „притисоци, уцени и изнудување на противправен исказ“ од поранешниот директор на овој дневен весник, јави Танјуг.

– Детекторот на лага потврди дека премиерот на Србија не го познава поранешниот директор на „Курир“, дека никогаш не се сретнал со него и дека никогаш не му нудел било што да кого било лажно обвини, изјави денеска Стефановиќ. Тој исто така рече дека полицијата ќе спроведе детална и брза истрага, која ќе покаже кој и со каква цел го организирал ширењето на лагата против премиерот и обидот да се дестабилизира земјата.

– Полицијата ќе се обиде да дојде и до Александар Корниц, да го сослуша и по поднесувањето извештај очекувам дека обвинителството ќе се изјасни за нашата работа и квалификација на делата, истакна Стефановиќ. Тој го потврди апсењето на припадник на барската криминална група, кој е затечен во осум наврати на приодот на семејниот дом на Вучиќ.