Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВучиќ бара поддршка од Ципрас – Косово апси Срби

Вучиќ бара поддршка од Ципрас – Косово апси Срби

Се заострија односите на соседите поради прашањето за УНЕСКО. Специјалните сили на косовската полиција денеска уапсија 15 Срби, вработени во националниот парк Шара во Брезовица, соопшти директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Џуриќ и објави дека ќе побара итна вонредна седница на српската влада по тоа прашање, пренесува Танјуг.

Денеска пред пладне вооружена косовска полиција ги уапси сите српски работници во Шара, кои беа таму, вклучително и директорот, изјави Џуриќ на прес-конференција во Брисел. Групата е пренесена во притвор во градот Урошевац.

Според Џуриќ, акцијата е поврзана со планот на Косово да стане член на УНЕСКО и станува збор за обид да се принуди Србија да го признае Косово. Инаку денеска српскиот премиер Александар Вучиќ во телефонски разговор со својот грчки колега побара поддршка, Грција да не гласа за приемот на Косово во УНЕСКО.