Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВторо прскање против комарци во Скопје

Второ прскање против комарци во Скопје

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 23.04.2016 (сабота) и на 24.04.2016 (недела), во период од 05.30 до 10 часот.

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 24.04.2016 до 28.04.2016 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата против комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.