HomeДЕНЕШНАВторо позитивно тримесечје за „Тесла“

Второ позитивно тримесечје за „Тесла“

549446ef43169

„Тесла Моторс Инк“ повторно забележа покараст на своите акции, откако овој американски производител на електромобили го објави второто свое профитно тримесечје од 2010 досега. Илон Маск, сопственик на оваа фирма и претприемач во областа на технологијата, има нето приходи од 21,9 милиони долари во третиот годинешен квартал. Истиот период лани, таа забележа загуба од 293,2 милиони долари.

Приходите на „Тесла“ за периодот јули-септември годинава се покачиле за 145 проценти, на 2,3 милијарди долари – многу повеќе од очекувањата на познавачите. Акциите на компанијата пак ја зголемија својата пазарна вредност за над шест отсто.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com