Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВторо порибување на езерото Градче во близина на Кочани

Второ порибување на езерото Градче во близина на Кочани

Спортско-риболовното друштво „Кочански рибар“ од Кочани ја спроведе акцијата за порибување на вештачкото езеро Градче крај Кочани. Ова е второ порибување на езерото со крап по она во ноември минатата година.

– Во езерото се пуштени 1.000 единки подмладок на крап со просечна тежина од околу 50 грама и 300 килограми крап со просечна тежина од 2 килограми. За оваа активност се вложени 100 илјади денари, изјави Димитар Димитров, претседател на Спортско-риболовното здружение „Кочански рибар“.

Интересот за риболов на езерото Градче, според Димитров е голем, за што зборува и податокот за издадени над 70 годишни дозволи. Тој посочи дека до крајот на годината се планира уште едно порибување на езерото со пастрмка.

Извор: sitel.com.mk