Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВтора винска регата на Тиквешко Езеро

Втора винска регата на Тиквешко Езеро

Втората по ред винска езерска регата се реализира денеска на Тиквешкото Езеро, во организација на Здружението на граѓани „Винотек“ од Кавадарци.

– Продолжуваме со активностите за промоција на тиквешкото вино кое е со извонреден квалитет од една страна и на Тиквешијата како најголем вински регион во државата кој вреди да се посети, од друга страна, рече Панче Арсовски од „Винотек”.

Учесниците во регатата, од земјава и странство, пловеа до Полошкиот манастир „Свети Ѓорѓи” по што следува дегустација на тиквешки вина и риба. Тиквешкото Езеро е втора по големина вештачка акумулација во државата долга триесетина километри. За да се исплови целата должина на езерото, потребни се околу 4 часа во еден правец. Манастирот се наоѓа некаде на половината и до него се стигнува само по воден пат.