Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВтора вечер од Штипската пастрмалијада: Жељко Самарџиќ со Македонско знаме се појави на сцената

Втора вечер од Штипската пастрмалијада: Жељко Самарџиќ со Македонско знаме се појави на сцената

Синоќа во Штип се одржа и втората вечер од Штипската пастрмалијада, на која покрај главната ѕвезда на вечерта Жељко Самарџиќ, настапи и Македонската дива Калиопи како и Штипската рок група Црна точка.


Интересен беше моментот кога Жељко Самарџиќ излезе на сцената со Македонско знаме. Тоа беше момент кој ги воодушеви сите присутни, а како што кажа и самиот тој го носел Македонското знаме на сите свои настапи и концерти.

Покрај музичкиот настап, синоќа од страна на градоначалникот на Штип на осмата по ред Штипска пастрмалијада беше доделена и наградата за надобро украсен штанд. Ова признание го доби ресторанот ,,Златна рипка’’, кој годинава зема учество на оваа пастармалијада заедно со уште 25 угостители.
PRIZNANIE
Утре е последниот ден од ова издание на Штипската пастрмалијада, а како главни ѕвезди вечерта штипјани ќе ги забавуваат Ферус Мустафов и Цеца Ржнатовиќ.
Автор:Михаило Донев
Фотографија:Михаило Донев