HomeДЕНЕШНАПолитикаВтора недела изборна кампања, еве каде партиите ќе бидат денес

Втора недела изборна кампања, еве каде партиите ќе бидат денес

partii-logoa

Денеска почнува и втората недела од изборната кампањата која ќе трае уште десетина дена, па денешните активности предвидуваа митинг во Велес на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ митинг во 19 часот, додека СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе биде активна во Неготино (17:30) и Кавадарци (19:00)

Коалицијата за промени и правда денеска ќе имаат средби со граѓани во Центар и со стопанствениците во Трговскиот центар, Бит пазар и други места во Скопје. Носителите на кандидатските листи за пратеници во првата и втората изборна единица, Павле Трајанов и Јове Кекеновски, ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство во Скопје (пред мостот „Око”/13:00)

Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска во 20 часот митинг ќе има во Велешта.

Претставници на Алијансата за Албанците ќе ја посетат Стопанската комора на северозападна Македонија, која ќе им ја претстави својата економска платформа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com