Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВтор смртен случај во Босна од свински грип

Втор смртен случај во Босна од свински грип

Вчера 62-годишна жена починала од свински грип во босанскиот град Зеница. Ова е втор таков случај оваа седмица. По компликациите предизвикани со истиот вирус во вторникот на Клиничкиот центар во Сараево почина 32-годишна родилка, во деветтиот месец од бременоста, а нејзиното бебе едвај беше спасено.

Од болницата во Зеница потврдуваат дека тие досега евидентирале три случаи на заболени лица инфицирани со споменатиот вирус. Во Сараево, пак, вирусот AH1N1 е забележан кај единаесет пациенти, од кои шест се здржани на болничко лекување, а еден веќе со денови е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот.