Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВтор ден штрајк – возови само за мигрантите

Втор ден штрајк – возови само за мигрантите

Машиновозачите денеска ги запалија возовите само за мигрантите. Како што најавија вчера, незадоволни од неисплатата на платите, ќе штрајкуваат додека не им бидат исплатени. Сепак, беа пуштени три воза за транспорт на бегалците.

Според Независниот синдикат на машинскиот персонал на Македонија (НСМПМ), бојкотот е поради доцнењето на исплатата на платите, материјалните трошоци и здравственото осигурување за јули и за август, за што бараат средба со премиерот Никола Груевски, бидејќи не се задоволни од досегашните разговори со раководството на МЖ Транспорт и со ресорното министерство.