HomeДЕНЕШНАСветВтор ден по ред: Силен земјотрес регистриран во Јапонија

Втор ден по ред: Силен земјотрес регистриран во Јапонија

Јапонија денеска, втор ден по ред, е погодена од силен земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала.

– Епицентарот на земјотресот е забележан во водите во близина на северниот брег на Јапонија, 167 километри од градот Мијако, соопшти Американскиот геолошки завод.

Јапонската метеоролошка служба наведе дека нема опасност од појава на цунами по земјотресот на длабочина од 10 километри.

Се уште нема податоци за предизвикана штета или евентуални човечки жртви.

Во регионот Ибараки, јужно од Фукујама вчера е регистриран земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com