Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текВртоглава бројка на корисници на Фејсбук, приходите одново растат

Вртоглава бројка на корисници на Фејсбук, приходите одново растат

Кварталниот извештај на „Фејсбук“ изненади со прилично високите бројки. Пресметано е дека приходите на американската социјална мрежа до второто тримесечје од оваа година достигнале дури 4,04 милијарди долари, што е нешто повеќе од онаа бројка од 3,99 милијарди која ја предвидуваа независните аналитичари.

Изненадувачка е и бројката на вкупни корисници на „Фејсбук“ која се искачи на 1,49 милијарди луѓе, со што бележи пораст од 13 проценти споредбено со истиот број лани.

И показателот за дневни посети на социјалната мрежа е зголемен за 17 проценти споредбено со периодот април/јуни 2014 година и истиот изнесува 968 милиони посети дневно на луѓе од целиот свет.