Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВрховен расправа за законитоста на бомбите

Врховен расправа за законитоста на бомбите

Врховниот суд на Република Македонија соопшти дека денеска во 12 часот ќе одржи продолжение на општата седница на која ќе ја разгледува законитоста на „бомбите“, односно можноста прислушуваните разговори да бидат користени како докази.

„Ќе се разгледува рефератот по правното прашање „Дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“ стои во соопштението на Врховниот суд.

На продолжението на општата седница ќе присуствува и Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права.

Претходно обвинителот од тимот на СЈО Гаврил Бубевски посочи дека скопскиот апелациски суд прифатил прислушувани разговори како докази во предметот „Шпион“. Еднаш расправата за „бомбите“ беше одложена и поради боледување на дел од судиите.