Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВрховен ќе ги разгледува жалбите за притворите од „бомбите“

Врховен ќе ги разгледува жалбите за притворите од „бомбите“

Иако требаше да почне вчера, седницата на Врховен суд на која треба да се решава за жалбите на одлуките на Апелациски суд Скопје за притвор за обвинетите Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ќе биде одржана денеска.

Одбраната на обвинетите се жалеше до Врховниот суд на одлуките на Апелцискиот суд со кои беше прифатено барањето за притвори што го поднесе Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Рокот од 48 часа за одлука по жалбите истекува денеска во 13 часот.

Поранешните функционери на УБК, Грујовски, Јакимовски и Бошковски, се обвинети во предметите „Тврдина“ и „Таргет“ и се товарат за прислушување и за уништување на доказите за прислушувањето.

Претходно Кривичниот суд само им ги одзеде пасошите и им одреди да се јавуваат во суд еднаш неделно, но Апелација ја прифати жалбата на СЈО и ја преиначи одлуката. СЈО побара притвори, образложуваќи дека Грујовски не се појавил на распит, влијаел на сведоци, а во неговиот тефтер имало инструкции за изјавите на сведоците пред СЈО.