Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВрховен ја пишува наредната за затвор А Јанкуловска, и натаму полиција околу нејзиниот дом

Врховен ја пишува наредната за затвор А Јанкуловска, и натаму полиција околу нејзиниот дом

Врховниот суд треба деновиве да ја потврди пресудата за затворска казна за поранешната министерка Гордана Јанкулоска со тоа што ќе испрати образложение до основниот кривичен суд.

Претходно Врховниот суд ја потврди четиригодишната затворска казна за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и во наредниот период се чека наредба од Кривичниот суд таа да биде извршена.

Полициските патроли и денес се во близина на нејзиниот дом, каде се проверуваат сите автомобили и возачи. После викендот, одлуката на Врховниот суд се очекува да биде доставена утре во Основниот суд, кој мора да ја напише наредбата за издржување на затворската казна.

Јанкуловска е осудена во случајот „Тенк“ за злоупотреба на службената положба при набавка на луксузен мерцедес од 600.000 евра.