HomeДЕНЕШНАРепубликаВремето се стабилизира со мала облачност, мирен викенд

Времето се стабилизира со мала облачност, мирен викенд

Денес во текот на целиот ден ќе преовладува сончево време со умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во раните претпладневни часови во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Минималните температури ќе се движат од 4 до 13, а дневните максимални од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе има умерена облачност, а попладне се повеќе сончеви периоди.  Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 7 степени, додека највисоката дневна ќе достигне 17 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе има позначителен пораст на дневната температура. Потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд што ќе бидат поинтензивни од вторник попладне и во среда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com