Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАМЕТЕО + ПАТНА СОСТОЈБА: Умерено облачно, со појава на магла и отежната видливост!

МЕТЕО + ПАТНА СОСТОЈБА: Умерено облачно, со појава на магла и отежната видливост!

Денеска, во утринските часови имаме врнежи од дожд во крајните западни северни и источни предели.

Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно со услови за појава на сончеви периоди.

На планините над 1.400 метри ќе има провејување на слаб снег.

Умерен ветер ќе дува од променлив правец.

Температурите се движат од 2 до 10 степени а дневните ќе се движат од 5 до 15 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура од 7 а максимална дневна од 12 степени.

Во текот на ноќта четврток наспрема петок се очекува продор на нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и опаѓање на температурата. Во петок ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд и засилен ветер, локално во јужните и југозападни предели се очекува да наврнат до 35 литри дожд. Врнежи од снег ќе има на планините над 1.400 метри висина, врнежите ќе престанат во сабота наутро кога се очекува облачно и студено време.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.