Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАВремето денеска – температури до 38 степени

Времето денеска – температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб доумерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде околу 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.

Во охридско-преспанскиот регион утре повторно во попладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе биде околу 18, а дневната ќе достигне до 31 степен. Во дојранскиот регион ќе биде сончево со температура до 38 степени.

Во недела во поголем дел од земјава ќе биде сончево и топло, само во западните делови ќе има изолирана појава на нестабилност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник се очекува сончево и уште потопло време со температури на места и над 40 степени.