Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАВремето денеска: Магла по котлините, слаб до умерен северозападен ветар, а во наредните денови:

Времето денеска: Магла по котлините, слаб до умерен северозападен ветар, а во наредните денови:

Времето денеска во Македонија по котлините ќе има магла особено во долниот дел на Повардарјето и во Пелагонија. На повисоките места и на планините ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот се очекува засилување на ветерот од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 5 до 4 степени, а дневната од 9 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде магливо и тивко, а кон средината на денот ќе има извесно расчистување на маглата. Кон крајот на денот ветерот ќе се засилува од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус 2, а дневната ќе се искачи до 6 степени.
Во четврток и петок се очекува пад на температурата, па во поголем дел од котлините таа ќе има вредност помеѓу 8°С и 10°С, а во гевгелискиот регион околу 12°С.