Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАВремето денес: Умерена облачност и постепено намалување на врнежите

Времето денес: Умерена облачност и постепено намалување на врнежите

Денес не очекува претежно облачно време со врнежи кои постепено ќе слабеат, но се уште ќе бидат застапени до раните попладенвни часови. Врнежите ќе бидат почести во западните и централите делови од земјата, а планините се очекува повремен снег. Попладне и вечер се очекува умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 2°С до 5°С, а максималните од 5°С и 7°С во котлините, северниот и западниот крај па се до 11°С на југоистокот.

Во главниот град се очекува облачно време и појава на дожд во претпладневните часови. Попладне облачноста постепено ќе се намалува. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С, а максималната околу 6°С.