Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАВременски колапс во Европа – Австрија го дочека првиот снег, утринска температура во Хрватска од 2 степени Целзиусови

Временски колапс во Европа – Австрија го дочека првиот снег, утринска температура во Хрватска од 2 степени Целзиусови

Ладниот бран не нѐ зафати само во Македонија, туку и Европа доживува временски колапс. Метеоролошката служба во Хрватска утрово измерила 2 степени Целзиусови во градот Оточац. Иако Јадранот е сѐ уште сончев, се очекува температурите да не пораснат повеќе од 28 степени.

Сосема изненадувачки, во Австрија денеска падна првиот снег. Температурите нагло опаднале за 10 до 15 степени Целзиусови, а снежните прекривки доста го отежнале сообраќајот. На северниот дел од земјата се измерени 25 сантиметри снег.