HomeДЕНЕШНАРепубликаВременска: Стабилен есенски ден со мала облачност

Временска: Стабилен есенски ден со мала облачност

Денес ќе имаме класичен топол есенски ден со тоа што сончевите периоди ќе бидат проследени со мала облачност, а условите за дожд низ котлините се мали. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Минималните температури ќе се движат од 0 до 10, а дневните максимални од 16 до 22 степени.

Во Скопје и околината, облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти околу 5 степени, додека највисоката дневна ќе достигне 19 степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com