Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАВременска прогноза:Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд

Временска прогноза:Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд

Според временската прогноза денеска во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 22 степена, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде до 21, а дневната ќе достигне до 33 степени.