Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВременска прогноза: Продолжува периодот на суво и топло време

Временска прогноза: Продолжува периодот на суво и топло време

Периодот на стабилно и топло време не се менува. Денес во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Можна е појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи во западните делови од земјата, пропратенсо слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната до 32 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала доумерена облачност и со слаб ветер од севрозападен правец. Утринската температура ќе биде околу 21, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Во охридско-преспанскиот регион сончево со попладневна облачност кон крајот на денот и со температура до 33 степени.

Во Дојран температурата повторно ќе биде висока и ќе достигне до 38 степени.

Се очекува од среда до сабота во западните делови од земјава ќе се зголемуваат условите за краткотраен дожд со грмежи.