Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВременска прогноза: Максимална температура до 42 степени Целзиусови

Временска прогноза: Максимална температура до 42 степени Целзиусови

Денес времето во Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло. Попладне се очекува умерена облачност, а во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Утринската температура ќе се движи во интервал од 15 до 23, а дневната од 35 до 42 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Во текот на ноќта ќе има краткотраен пороен дожд со грмежи. Утринската температура ќе биде околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Во петок претпладне, како и за време на продолжениот празничен викенд ќе има услови за локална нестабилност со локален дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за 3-4 степени.