Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАВременска прогноза: Да го заокружиме крајот на неделата под ведро небо

Временска прогноза: Да го заокружиме крајот на неделата под ведро небо

Последниот ден од оваа недела ќе биде претежно сончев, со услови за појава на слаба до умерена магла во вечерните часови. Наутро се очекува минимална околу -2°С во котлините од источниот регион, и околу 0°С во котлините на запад.
Максималната температура во котлините од северниот регион ќе има вредност околу 9°С, на југозападот околу 11°С и 14°С во југоисточниот крај.

Во скопје слично време, претежно ведо во утринските и попладневните часови а навечер со слаба до умерена магла. Утринската температура ќе се спушти на -1°С, а максималната ќе изнесува 9°С.