HomeДЕНЕШНАРепубликаВременска: Дождот се враќа, не го заборавајте чадорот

Временска: Дождот се враќа, не го заборавајте чадорот

Времето денес во Македонија ќе биде облачно со слаб до умерен дожд и значително постудено, па затоа не го заборавајте чадорот. Ќе дува и засилен северозападен ветер со што навистина ќе почуствува пад на температурите.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до максимални 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен повремен дожд и со повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com