Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВремен сообраќаен режим, неколку автобуски линии пренасочени

Времен сообраќаен режим, неколку автобуски линии пренасочени

Времен сообраќаен режим. Од утре (11.12) до 20 декември 2015 година, ќе биде затворен за сообраќајот кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ во Бутел. Од утре, 08.30 часот соообраќајот ќе биде целосно стопиран и пренасочен по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“, информираат од Град Скопје.

Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, и 8, исто така ќе се пренасочат во посочениот период, по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски- Карпош“.

Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ се воведува поради изградбата на големата атмосферска канализација кон улицата „Александар Урдаревси“ и затоа Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa времено воведениот сообраќаен режим и воедно се заблагодарува за разбирањето при реализацијата на овој голем инфраструктурен проект од големо значење за целиот реон.