Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВреме за големо финале, Франција против Португалија!

Време за големо финале, Франција против Португалија!

Фудбалерите на Франција и Португалија ќе играат во големото финале на Европското првенство. Домаќините се фаворити во оваа средба, но Кристијано Роналдо сака да испише историја заедно со неговата репрезентација, па не очекува одличен натпревар. Директниот пренос од финалето на Европското првенство е од 21 часот, на првата програма на Македонскара радио телевизија, МРТВ.

EURO2016

Секое финале на голем турнир претставува некоја врста на чистлиште, победниците заминуваат во вечна слава, почести, шампањ, додека поразениот ништо од наведеното- само горчлив вкус во устата, дека биле толку блиску, а сепак се враќаат дома со празни раце. Можеби загубени финале би и паднало потешко на Франција, која како домаќин некако навикна да освојува турнири. Французите беа прваци на Европа 1984 година, како и шампиони на планетата 1998 година, два пати како домаќини на овие натпреварувања.

Португалија и понатаму ја бара својата прва титула на големите натпреварувања. Најблиску до тоа беа во 2004 година, кога беа домаќини во финалето каде загубија од Грција. Франција е тим составен до голем број на квалитетни играчи кои играат фантастично на овој турнир. Од друга страна, Кристијано Роналдо е прва ѕвезда во тимот, а со досегашните натпревари кои ги одиграа Португалците на ова првенство не можат да бидат задоволни.

Grizman

Сепак, ете ги во големото финале, иако до полуфиналето немаа ниту една победа до 90 минута. После три реми натпревари во групната фаза, ја елиминираа Хрватска со погодок во 117 минута, како и Полска после изведувањето на пенали. Во полуфиналето го совладаа Велс со 2:0, но ни во тој дуел избраниците на Фернандо Сантош не одиграа брилијантно. За победа против Франција ќе им треба многу повеќе од тоа.

Франција, покажа многу повеќе. Ремито против Швајцарија е единствениот натпревар кој „Триколорите“ не го завршија во своја корист, а совладани беа Романија, Албанија, Ирска, Исланд и Германија. Покрај тоа што се домаќини Франција на своја страна го има и Антоан Гризман, за сега најдобриот стрелец на првенството со шест погодоци. Го имаат и Пол Погба, наскоро најскапиот фудбалер на планетата, имаат искусна одбрана, предводена со фантастичниот голман Лорис.

Ronaldo

Финале на секое натпреварување е специфично бидејќи не секогаш победуваат најдобрите и најподготвените. Често знае да биде пресуден момент на инспирација или едноставно среќа. Овој пат за таа среќа ќе мора да се потрудат и едните и другите. Финалето ќе се игра во Сен Дени на стадионот „Франција“, а главен судија ќе биде Марк Клатенбург.