Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВратени летовите Скопје-Истанбул, туристите патуваат непречено

Вратени летовите Скопје-Истанбул, туристите патуваат непречено

Авиокомпанијата Туркиш Ерлајн повторно ги воспостави редовните летови Скопје-Истанбул кои се одвиваат во двата правци според распоредот на летање откако е нормализирана состојбата на интернационалниот аеродром Ќемал Ататурк.

Меѓународните авиокомпании и вчера не летаа кон Истанбул чекајќи сами да се уверат дека состојбата на „Ататурк“ е целосно под контрола бидејќи не сакаа ништо да ризикуваат, па затоа сега полека и тие ги враќаат своите летови.

Што се однесува пак до македонските туристи состојбата е уште пореалксирани бидејќи чартер летовите се одвиваа и ден по самиот обид за воен преврат во Турција. Туристите без проблеми летаат на пример кон Анталија, а според трговските здруженија уплатените аранжмани не се откажуваат и покрај тешките настани.