Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВраќање на девеeсетите: Групата „Aqua“ повторно се собира!

Враќање на девеeсетите: Групата „Aqua“ повторно се собира!

Групата „Aqua“ наводно повторно се собира и подготвува низа на концерти по повод 20-годишницата од нејзиниот хит сингл „Barbie Girl“. „Заразната“ поп песна се најде на врвот на светските топ листи во 1997 година и данскиот квартет сака и денес да не потсети на тие денови.

Сепак, се очекува бендот да настапи само во Данска. Славната четворка ја сочинуваа Лене Нистром и Рене Диф, клавијатуристот Зоран Растед и гитаристот Клаус Норен.

Интересно е дека нивната песна „Turn Back Time“ беше користена за филмот со Гвинет Палтроу „Sliding Doors“.

Бендот на десет години од постоење се собра во 2007 година и во 2011 објави албум „Megalomania“, но потоа повоторно се расформираше. „Aqua“ е најуспешниот дански бенд кој продал повеќе од 33 милиони албуми и синглови.