Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВработените во ВЕИБО текстилната фабрика навредувани од надлежните

Вработените во ВЕИБО текстилната фабрика навредувани од надлежните

Денеска до редакциите пристигна дојава за нечовечко однесување во текстилна фабрика во Крива Паланка, сопственост на турскиот инвеститор ВЕИБО Груп.

„Од виртуелните инвестиции на Никола Груевски и ветените 5600 работни места во индустриската зона во Ранковце остана само изолирана празна ливада, два билборда до магистралниот пат и нула нови работни места. Оние пак 230 работници кои беа превземени од бизнис партнерот Орце Камчев, секојдневно се жалат на кршење на работничките права и некоректниот и нечовечки однос од страна на одговорните лица во погонот во Крива Паланка. Залудни се повиците кон трудовата инспекција и останатите надлежни органи деновиве за прекувремена работа и ускратување на основните права како што е паузата за појадок и слично.

Се откажавме од К-15, од 8 часовно работно време, од викенди од прзници, но неможеме да го погазиме нашето достоинство некој да не споредува со целокупно животинско царство, се жалат вработените. Работничките права се утврдени со закон и недозволиво е постојано да се заобиколуваат“ – стои во дојавата.