Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВработените во МЗТ Леарница повторно на протест – бараат исплата на заостанати плати и придонеси

Вработените во МЗТ Леарница повторно на протест – бараат исплата на заостанати плати и придонеси

Околу 100-тина вработени од МЗТ Леарница и денеска протестираа пред Собранието и пред Владата со барање до институциите да преземат мерки за незаконското работење на компанијата и да помогнат да ги добијат заостанатите плати и придонеси.

Љупчо Чекаловиќ, Претседателот на синдикалната органзација, изјави дека ќе протестираат секојдневно се до исполнувањето на нивните барања.

– Некои немаат земено плата цела година, некои пет-шест плати. Немаме платено придонеси цела година. Воопшто не се почитува законот, а условите за работа се лоши. Станува збор за околу 180 работници – рече Чекаловиќ.

Тој додаде дека на средбата со претставниците во Владата им било речено дека од нивна страна е сторено се и оти се ангажирани надлежните институции.

Вработените од МЗТ Леарница протестираат од 11 август.