HomeДЕНЕШНАЕкономијаВработените од „Југохром“ се заканија со протест ако не се реши нивниот статус

Вработените од „Југохром“ се заканија со протест ако не се реши нивниот статус

jugohrom

По затворањето на компанијата на барање на Министерството за животна средина, работниците на „Југохром“ му дадоа рок на бордот на директори на „Југохром“ до понеделник да одлучат за нивните барања. Во спротивно, се заканија со протест.. Бараат да добиваат плата во периодот кога компанијата нема да работи.

– Мислам дека ќе има позитивно решение, да се најде решение да не ги остават работниците на улица – вели Бајрам Амити, претседател на синдикатот на „Југохром“.

Директорот на компанијата Васко Скендеровски во интервју за ТВ 21 вели дека планира да се сретне со синдикатот.

– Ќе се сретнам со Синдикатот на фирмата за го решиме најтешкото прашање, што понатаму со вработените. Оптимално решение би било до крајот на годинава сите да бидат во редовен работен однос, потоа законски ќе имаат право да бидат под Агенцијата за вработување, односно да примаат некој минимален надоместок. Станува збор за 720 вработени – рече Скендеровски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com