Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВработените на бегалецот Сеад Кочан на протести пред СЈО

Вработените на бегалецот Сеад Кочан на протести пред СЈО

Телевизија Нова и вработените во „Трансмет“ и денеска протестираше поради тоа што нивниот сопственик Сеад Кочан е главен осомничен во случајот „Труст“ кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Телевизијата денеска мобилното студио го постави пред СЈО и најави дека секој ден, во период од 13 до 14 часот ќе протестира против наводната репресијата и притисоците од страна на СЈО врз медиумите.

Вработените во телевизијата тврдат дека нивниот сопственик, кој е близок до власт и е во бегство надвор од државата е невин. Тие со протестите сакаат да го изразат својот револт и да извршат притисок врз СЈО да го прекине процесот против Кочан, за кого МВР издаде и меѓународна потерница.

Се покренува прашањето, дали вработените во Трансмет и Телевизија Нова немаат доверба во независноста на судството.