Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВработен на патарина повреден од комбе

Вработен на патарина повреден од комбе

Вработен на наплатната рампа Глумово бил повреден откако возач на комбе сакал насилно да помине. Полицијата информира дека вчера околу 12 часот настанала расправија околу наплатата меѓу вработениот Г.С. (1966) и непознато лице кое го управувало комбето.

Притоа, сопатникот од возилото насилно ја отворил рампата по што вработениот излегол од кабината за да ја затвори рампата. Во моментот кога ја затворал рампата, бил удрен од комбето во пределот на десниот колк по што возилото заминало. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.