Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВознемирувачко видео: Удавено Сиријче пронајдено на плажа во Турција

Вознемирувачко видео: Удавено Сиријче пронајдено на плажа во Турција

Голготата и ужасот кои ги доживуваат бегалците го достигна својот максимум. Најтрогателната жртва на бегалската криза е сликата од удавено дете на плажа во близина Бодрум, Турција.

Дејли мејл објави потресна сторија за удавеното дете од Сирија, чие тело водата го исфрлила на брегот. Според весникот нема сомнеж дека загинало при обидите на неговото семејство да стигне до Европа.

Безименото момче е помеѓу 2.500-те луѓе загинати годинава додека се обидувале да избегаат по воден пат. Судбината на неговото семејство е непозната, но се претпоставува дека тоа е една од 11-те жртви од брод што се превртел во близина на турскиот брег.