Thursday, Mar 28, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВознемирувачко видео: Падобранец во живо го пренесе својот скок во смрт

Вознемирувачко видео: Падобранец во живо го пренесе својот скок во смрт

Падобранецот од Италија кој го загуби животот во Алпите скокајќи од голема височина, во живо, на социјалната мрежа Facebook, ја пренесувал својата смрт. Како што пренесува Daily Mail, 28-годишниот Армин Шмидер на своите пријатели на социјалната мрежа им порачал: „Денес летате со мене“. Потоа го облекол специјалниот костум со крилја и скокнал од планинскиот врв Кандерстег во Швајцарија.

Само по неколку моменти на снимката се слуша врисок, а потоа тап удар, а како што пренесува еден швајцарски медиуми, оние кои го следеле скокот биле шокирани. Полицијата од Берн соопшти дека телото на Италијанецот било пронајдено блиску до споменатиот планински врв. Портпаролот на полицијата изјавил дека истрагата сеуште е во тек.

Еден од пријателите на загинатиот Армино рекол дека тој бил искусен падобранец и дека во специјалниот костум летал нецела година.

Оваа најнова трагедија претставува уште еден тежок удар за овој адреналински спорт, бидејќи пред само неколку денови загина еден од најславните светски скокачи во вакви костуми, Александар Поли.