Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВознемирувачко видео: Акушера во Софија тепа бебе родено пред само 4 дена

Вознемирувачко видео: Акушера во Софија тепа бебе родено пред само 4 дена

На Фејсбук се појави снимка која ја згрози јавноста. Акушерка од бугарско породилиште удира бебе старо четири дена. На снимката се гледа делото на 40-годишната акушерка Емилија Ковачева.

Во еден момент жената го зема девојчето и го удира по градите. Го врати бебенцето во кревет, но бидејќи не се смири таа му зададе уште неколку удари. Девојчето Никол, старо само четири дена, заврши на интензивна нега бидејќи добило тежок потрес на мозокот и крварење во главата. Во критична состојба е, но докторите веруваат дека е во добри раце и дека ќе се опорави.

Акушерката од болницата Софиамед во главниот бугарски град се наоѓа во притвор. Ќе и се суди за обид за убиство.