Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Повик за спречување на фестивалот за кучешко месо – најсуровиот настан на светот

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Повик за спречување на фестивалот за кучешко месо – најсуровиот настан на светот

За околу две недели започнува најгрозниот и најконтроверзниот фестивал во светот, против кој војуваат сите здруженија за заштита на животните. Секоја година има петиција за негово укинување.

Фестивалот за кучешко месо во Јулин, Јужна Кина се одржува секоја година на 21-ви јуни кога се одбележува најдолгиот ден во годината. Локалците го организираат, а поради неговата популарност сега трае три дена. Никој точно не знае колку кучиња сурово се убиваат и се јадат, но според грубите проценки околу 15.000 кучиња годишно се невини жртви на овој грозоморен настан.

Суровоста на луѓето нема граници. Кучињата ги собираат од целата земја, па ги ставаат набиени во камион, често со многу скршеници за да собере што повеќе, без храна и вода, во ужасни болки ги транспортираат до селото. Многу кучиња умираат за време на транспортот, но врз оние кои останале живи се практикуваат уште погроморозни дела. Имено, кучињата се дерат живи, се варат живи или се ставаат на скара по желба на муштеријата.
china-dog-meat-festival
Спасувачите на кучиња прават се што е во нивна моќ да спречат што е можно повеќе камиони и да ги спасат кутрите животни, но за жал не можат сите да ги откријат и сопрат. Потребна е поголема помош. Кинеската влада вети дека ќе го укине фестивалот, но се уште не успеа да го оствари ветувањето.

Единствена надеж за кутрите кучиња е само свесноста на луѓето и ПЕТИЦИЈАТА која спасувачите на кучиња ја покренаа за да стават крај на ужасот. Потпишете се и вие и придонесете за конечно НЕ на “Lynchee and Dog Meat Festival” како што се нарекува грозоморниот настан за нехумано кулинарство. Светот треба да им помогне за да се спасат илјадници невини кучиња.

Предупредуваме: Фотографиите се навистина вознемирувачки…
china-dog-meat-festival (1)

china-dog-meat-festival (2)

china-dog-meat-festival (3)

china-dog-meat-festival (4)

china-dog-meat-festival (5)

kina