Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВознемирувачки снимки од пустошот во петербуршкото метро

Вознемирувачки снимки од пустошот во петербуршкото метро

На интернет и во руските медиуми се појавија снимки од хаосот по експлозијата, која се случи меѓу станиците Сенаја и Технолически институт. Најмалку 9 лица се мртви и 20 повредени во експлозија на импровизирана бомба во вагон на метрото во Санкт Петербург. На снимките се гледа како патниците очајнички се обидуваат да им помогнат на повредените.

На еден од сините вагони се гледа дека врата и прозорците се истргнати и скршени од експлозијата, а крв и шут се гледаат на платформата на метро станицата. Во меѓувреме рускиот Национален антитерористички комитет потврди дека уште една експлозивна направа била деактивирана на станицата Плошад востанија.