Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВозило излета од автопатот Куманово-Крива Паланка – двајца повредени

Возило излета од автопатот Куманово-Крива Паланка – двајца повредени

Во периодот од 18 часот и 25 минути до 19 часот и 25 минути, сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на местото „Сув орах“, бил во прекин поради извлекување на теренско моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки кое учествувало во сообраќајна незгода која се случила истиот ден околу 10 часот и 50 минути.

Возилото кое било управувано од 43-годишниот А.О. од селото Лукаре, општина Липково, излетало од патот.

По незгодата сопатниците М.И. и А.И. со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово каде им биле констатирани телесни повреди по што биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.